Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека влегувањето на Финска во НАТО и потегот на НАТО да ја зголеми својата борбена готовност го зголемува ризикот од судири.
Кремљ објави дека ќе биде принуден да преземе „контрамерки“ за да ја осигура безбедноста на Русија како одговор на влезот на Финска во НАТО.
Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков го нарече потегот на Хелсинки да ѝ се придружи на Алијансата „задирање“ во безбедноста на Русија и рече дека НАТО структурата е непријателска кон Русија.
Видете и ова: Русија ќе го зајакне воениот потенцијал како одговор на членството на Финска во НАТОШојгу исто така рече дека некои белоруски воени авиони сега се способни да носат нуклеарни боеви глави и дека ракетни системи Искендер се префрлени во Белорусија.
Тие системи би можеле да се користат за носење конвенционални или нуклеарни проектили, наведува агенцијата Ројтерс.
Финска денеска влегува во НАТО, неколку дена откако Турција го ратификуваше членството на оваа земја и ѝ овозможи да стане 31-ва членка на најголемиот воен сојуз во светот.