СЗО - За 20 години ќе има за 55 отсто повеќе случаи на рак од сега

Илустрација

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), бројот на случаи на рак во светот се очекува да се зголеми за 55 отсто до 2040 година во споредба со 2020 година.

„Доколку стапката на рак остане стабилна, а растот на населението и стареењето продолжат паралелно, се проценува дека до 2040 година во светот ќе бидат регистрирани 28 милиони нови случаи на рак“, објави СЗО.

Видете и ова: Токсичен рударски отпад близу училиште во кумановско Лојане

До 2040 година, бројот на заболени од рак се очекува да се зголеми за 54,9 отсто во споредба со 2020 година, при што зголемувањето е за 60,6 проценти поголемо кај мажите отколку кај жените.

На повеќе од 19,2 милиони луѓе ширум светот им бил дијагностициран рак во 2020 година, додека повеќе од 9,9 милиони луѓе починале од оваа болест.
Околу 400.000 деца годишно заболуваат од рак ширум светот.

Од 30 до 50 проценти од смртните случаи предизвикани од рак може да се спречат со рана дијагноза и ефикасен третман, додека значителен број пациенти немаат пристап до навремена дијагноза и третман.

Според Меѓународната агенција за истражување на ракот, најмногу случаи има во Азија - 9,5 милиони.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Основецот Максим од Скопје: Ме задеваат за косата, а не знаат дека ја пуштам за децата болни од рак