Политичари, блогери, платеници...
МАКЕДОНИЈА - Апелациониот суд Скопје денеска ги уважи жалбите на обвинетите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски и ја укина првостепената пресуда, а предметот „Организатори на 27 април“ го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје.
БЕЛГИЈА - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата не видела никакви промени во ставот на Русија за нуклеарното оружје.
РУСИЈА / ФИНСКА - Кабинетот на претседателот на Финска, Саули Ниинисто, лиферуваше соопштение во кое потврди дека Финска во и официјално ќе стане членка на НАТО алијансата, а во меѓувреме стасаа и првите реакции од Русија: Земјата ќе го зајакне својот воен потенцијал како одговор на членството на Финска во НАТО.
ИЗРАЕЛ - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја одложи одлуката за смена на министерот за одбрана Јоав Галант, кој отоврено му се спротивстави со предлогот да ја спречи владата да го спроведе контроверзниот план за реформи во судството.
САД - Американскиот новинар Еван Гершкович, кој минатата недела беше уапсен и обвинет за шпионажа во Русија, преку своите адвокати поднел жалба против одлуката за негов притвор.
МАКЕДОНИЈА - Комисијата за стручен надзор за случајот со лекувањето на шестгодишната пациентка Јана Христовска во Клиничка болница Битола, констатираше дека според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза, се преземени соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на пациентката.
ЕУ / МАКЕДОНИЈА - Прашањето околу вметнување на Бугарите во Уставот е суверена одлука што треба да ја донесе самата држава, истакна денеска амбасадорот на Европската унија во земјата, Дејвид Гир.
МАКЕДОНИЈА - Владата денеска ја донесе одлуката со која од 5 до 30 април се замрзнуваат цените на 11 видови овошје и зелечук: доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперот, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот.
УКРАИНА - Руската платеничка група Вагнер тврди дека ја презела градската управа во Бахмут и дека го контролира градот „во правна смисла“. Официјален Киев пак тврди дека украинските сили сè уште имаат контрола врз градот на истокот на земјата.
РУСИЈА - Руските истражители денеска соопштија дека привеле осомничена за експлозијата на бомба во кафуле во вториот по големина град во Русија, при што загина воениот блогер и поддржувач на руската кампања во Украина, Владлен Татарски.
ЕУ - Комесарот за проширување на Европска Унија, Оливер Вархеји во пресрет на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан во Рим, најави дека ќе разговараат за забрзување на процесот на интеграција во новото безбедносно опкружување.