Кабинетот на претседателот на Финска, Саули Ниинисто, лиферуваше соопштение во кое потврди дека Финска во и официјално ќе стане членка на НАТО алијансата, а во меѓувреме стасаа и првите реакции од Русија.
Заменик министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко најави дека земјата ќе го зајакне својот воен потенцијал како одговор на членството на Финска во НАТО.
„Русија ќе го јакне својот воен потенцијал во западните и северозападните правци како одговор на членството на Финска во НАТО. Некои од мерките се веќе објавени. Ќе го зајакнеме нашиот воен потенцијал во западните и северозападните правци. Во случај на распоредување на силите и средствата на другите членки на НАТО на територијата на Финска, ќе преземеме дополнителни чекори за сигурно да ја обезбедиме воената безбедност на Русија“, рече Грушко.
Видете и ова: Финска утре ќе стане членка на НАТОПретходно денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека утре ќе биде поставено знамето на пред седиштето на Алијансата во Брисел.
Процесот на ратификација во 30-те земји членки на НАТО беше завршен на 31 март со одобрението на турскиот Парламент за пристапување на Финска, која поднесе барање за членство во НАТО во мај 2022 година.
Турскиот парламент на 30 март ја ратификуваше кандидатурата на Финска за влез во НАТО. Со тоа е отстранета последната пречка во долго одложуваното пристапување на оваа нордиска земја во Алијансата. Сите 276 присутни пратеници гласаа за кандидатурата на Финска, неколку дена откако унгарскиот парламент ја одобри.