Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека утре ќе биде поставено знамето на пред седиштето на Алијансата во Брисел. Финска утре ќе стане 31-ва членка на НАТО.
„Утре ќе ја пречекаме Финска како 31-ва членка“, изјави Столтенберг во пресрет на средбата на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел.
Процесот на ратификација во 30-те земји членки на НАТО беше завршен на 31 март со одобрението на турскиот Парламент за пристапување на Финска, која поднесе барање за членство во НАТО во мај 2022 година.
Турскиот парламент на 30 март ја ратификуваше кандидатурата на Финска за влез во НАТО. Со тоа е отстранета последната пречка во долго одложуваното пристапување на оваа нордиска земја во Алијансата. Сите 276 присутни пратеници гласаа за кандидатурата на Финска, неколку дена откако унгарскиот парламент ја одобри.
Видете и ова: Членство во НАТО - Финска оди напред, Шведска каска зад неаТурција и Унгарија беа последните две членки на НАТО што го ратификуваа пристапувањето на Финска.
Обидот на Шведска да се приклучи на Алијансата останува неизвесен, а Турција и Унгарија одложуваат да и дадат зелено светло, и покрај тоа што изразија поддршка за проширувањето на НАТО.
Вознемирени од руската инвазија на Украина пред една година, Финска и Шведска ја напуштија својата повеќедецениска политика на неврзаност и се пријавија да се приклучат на Алијансата.