Комесарот за проширување на Европска Унија, Оливер Вархеји во пресрет на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан во Рим, најави дека ќе разговараат за забрзување на процесот на интеграција во новото безбедносно опкружување.
„Проширувањето е еден од главните приоритети на ЕУ за зајакнување на мирот, безбедноста и просперитетот“, објави Вархеји на својот Твитер профил.
На средбите во Рим, покрај шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан, ќе се обрати Вархеји, како и шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром.
Видете и ова: Фон дер Лајен: Соработката на ЕУ со Западен Балкан доби нов замавИ македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи ќе учествува на министерскиот состанок за Западен Балкан.
Од македонското министерство за надворешни работи соопштуваат дека италијанската иницијатива за свикување министерски состанок посветен на процесот на пристапување на државите од Западден Балкан во ЕУ е во согласност со обновениот и засилен фокус на Италија кон регионот и има за цел да го реактуелизира и забрза процесот на евроинтеграција на државите од регионот, истовремено промовирајќи дијалог и соработка.