Руската платеничка група Вагнер тврди дека ја презела градската управа во Бахмут и дека го контролира градот „во правна смисла“. Официјален Киев пак тврди дека украинските сили сè уште имаат контрола врз градот на истокот на земјата.
„Во правна смисла, Бахмут е освоен. Непријателот е концентриран во западните области“, рече лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин на Телеграм.
Тој објави видео во кое тврди дека го подигнал руското знаме над градското собрание во Бахмут.
Видете и ова: Украинските сили ги одбиваат руските напади во БахмутНеколку часа претходно украинскиот Генералштаб го соопшти спротивното.
„Непријателот не го запре нападот на Бахмут. Меѓутоа, украинските бранители храбро го држат градот, одбивајќи бројни непријателски напади“, објави украинскиот Генералштаб на Фејсбук.
Најдолгата битка од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година се води околу Бахмут. Градот, кој сега има најмногу 4 000 жители во споредба со 70 000 пред инвазијата, во голема мера е уништен.