Во експлозија на бомба во кафуле во Санкт Петербург е убиен познатиот руски воен блогер Владлен Татарски, потврди руското Министерство за внатрешни раобти.
Рускиот државен истражен комитет соопшти дека во експлозијата на 2 април се повредени уште 19 луѓе и дека отвори истрага за убиство.
Татарски, чие вистинско име е Максим Фомин, имаше повеќе од 560.000 следбеници на Телеграм и беше еден од најистакнатите влијателните воени блогери кои се залагаат за руската војна во Украина. Тој често ги критикуваше неуспесите на армискиот врв.
„Ќе ги победиме сите, ќе ги убиеме сите, ќе ги ограбиме сите што ни требаат. Сè ќе биде како што сакаме“, рече тој минатиот септември во видео снимка објавена во Кремаљ.
Видете и ова: Битката кај Вухледар укажува на големи руски воени проблемиЗасега не се знае кој стои зад експлозијата.
Новинската агенција ТАСС цитира неименуван извор кој вели дека импровизираната експлозивна направа била скриена во минијатурна статуа која му била предадена на Татарски додека тој се обраќал на група луѓе во кафулето.
Кафулето кое било цел на нападот било во сопственост на Евгениј Пригожин, шефот на озлогласената руска платеничка група Вагнер, пишува петербуршкиот весник Фонтанка.