Во Приштина на 2 април се одржа „Марш за правда“, во знак на поддршка на поранешните лидери на ослободителната војска на Косово (ОВК), кои се наоѓаат во притвор во Хаг, поради сомнежи дека направиле воени злосторства против човештвото.
Судењето на челниците на ОВК ќе почне утре во Специјалниот суд во Хаг.
Маршот го организираше платформата „Слободата има име“ (Лириа Ка Емер). Настанот се одржа во центарот на Приштина, а во на маршот дојдоа и луѓе од другите делови на Косово.
Учесниците на маршот извикуваат слогани за ОВК, носат транспаренти со пароли „Слободата има име“ со слики од Хашим Тачи и Кадри Весељи, „Историјата не може да се промени“ и други пораки за поддршка на обвинетите пред Специјалниот суд во Хаг.
Поканата за организирање на маршот ја поддржаа сите политички партии, невладини организации и познати личности во Косово.
Во понеделник, на 3 април, пред Специјалниот суд, со седиште во Хаг, ќе се одржи судењето на поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи и поранешните парламентарци Јакуп Красниќи и Кадри Весели, како и поранешниот член на Генералштабот на Ослободителната војска на Косово, Реџеп Сељими.
Тие се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, наводно извршени против етничките малцинства и политичките ривали помеѓу март 1998 и септември 1999 година.
Сите обвинети претходно се изјаснија за невини.
Судењето на поранешните лидери на ОВК наиде на бројни критики во Косово со образложение дека процесот е „едностран“, бидејќи не се суди за злосторства извршени од Срби на територијата на Косово.