Украина изрази огорченост откако Русија на 1 април го презеде своето едномесечно претседавање со Советот за безбедност.
Русија со тоа ќе има контрола на агендата на Советот за безбедност за овој месец, за прв пат од февруари 2022 година, кога ја нападна Украина.
Претседателството на Советот за безбедност на ОН ротира меѓу неговите 15 членки на месечно ниво.
Видете и ова: Русија претседава со Советот за безбедност на ОН и покрај противењето на УкраинаРусија е една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН.
Руската инвазија на Украина ја прекрши Повелбата на ОН, која бара од државите да се воздржат од употреба на сила против територијалниот интегритет или политичката независност на друга држава.
Генералното собрание на ОН со големо мнозинство усвои резолуција неколку дена по почетокот на инвазијата со која се бара Русија веднаш да ја прекине војната во Украина.
Русија го блокираше донесувањето на слична резолуција во Советот за безбедност.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба го нарече преземањето на претседавањето на Русија „шлаканица за меѓународната заедница“.
Тој ги повика другите членки на Советот за безбедност на ОН да ја спречат Москва да го злоупотреби своето претседателствување.