Приведени петмина со 4 килограми марихуана изнесена од компанија која има дозвола за производство на канабис за медицински цели. Министерството за внатрешни работи соопшти дека битолски полицајци од криминалистичкиот оддел на СВР Битола забележале автомобил „мерцедес“ од кој совозачот во близина на влез во фабрика за производство на медицински канабис во селото Кравари, подигнал натоварени кеси со марихуана. Откако возачот на „мерцедесот “ ги забележал полицајците од возилото исфрлил две ќеси со марихуана.
Видете и ова: Западен Балкан и нарко-бизнисот: Доза за младите, биткоини за шверцеритеПо приведувањето на петмината мажи, полицијата по наредба на Основниот суд Битола извршила претрес во фирмата која има лиценца за производство на канабис, и констатирала неправилности во поглед на производство, одгледување и складирање на медицинскиот канабис, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
МВР не соопштува повеќе детали од ова. Но, според претходно објавените полициски билтени ова не е прв пат да се откријат неправилности во работењето на фирмата која има дозвола за производство на канабис во село Кравари.
Во октомври минатата година беше објавена вест дека при извршен претрес било пронајдено поголема количина на произведена марихуана од таа што ја пријавиле во Комисијата надлежна за тоа, која е дел од Министерството за здравство.
„При што беше констатирано дека во сеф-собата недостасуваат семки за канабис растенија, како и 127 грама сув цвет од канабис, за што претходно известиле до Комисијата дека го поседуваат. Во сеф-собата се пронајдени 14 килограми и 800 грама сув цвет од канабис, за кој немаат доставено известување дека го поседуваат по завршена берба“, се вели во соопштението објавено на 29 ноември 2022 година.
Видете и ова: Две банди владеат со скопското подземјеОд извршениот увид во документацијата која правното лице ја има доставувано до Комисијата, од МВР тогаш соопштија дека констатирале оти правното лице не води соодветна евиденција, делумно нецелосно ги пријавува настанатите промени при одгледувањето на канабис, не известува за денот на почнувањето на бербата на канабисот, не доставува известувања за набрана влажна маса и не го пакува собраниот сув цвет од канабис согласно Закон.
Во неколку наврати во 2020 година беа украдени големи количини марихуана во фабрики за медицински канабис. Во фабрика во село Јосифово во близина на Валандово во декември 2020 беа украдени 2 тони марихуана, а само 231 килограми беа пронајдени во скопско Арачиново. Тогашниот премиер Зоран Заев рече дека дрогата веројатно завршила на Косово.
Видете и ова: Обвинувања за шверц на дрога со политичка заштитаПотоа беше пронајдени 60 килограми марихуана во крушевско, за кои постоеше сомнеж дека се украдени од фирма за медицински канабис во Крушево.
Македонија ја легализираше марихуаната за медицинска употреба во 2016 година и досега има над 60 лиценцирани фирми за производство на канабис.