Шпанскиот премиер Педро Санчез го охрабри кинескиот претседател Си Џинпинг на 31 март да разговара со украинското раководство и од прва рака да дознае за мировната формула на Киев за да помогне да се стави крај на руската инвазија.
Санчез на прес-конференција во Пекинг рече дека го информирал кинескиот претседател, кој ја посети Москва на 20-21 март, дека Шпанија ги поддржува предлозите на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тие вклучуваат барање за враќање на територијата на Украина во статус кво пред руската анексија на Крим во 2014 година.
„Верувам дека тоа е план што ги поставува темелите за траен мир во Украина и е совршено усогласен со повелбата на Обединетите нации и нејзините принципи, кои беа прекршени од рускиот претседател Владимир Путин со неговата инвазија“, рече тој.
Минатиот месец Пекинг изнесе свој мировен план од 12 точки и повика на сеопфатен прекин на огнот во конфликтот.
Видете и ова: Путин - Предлозите на Кина може да бидат основа за решавање на конфликтот во УкраинаРусија смета дека Украина мора да ја прифати загубата на Крим и четири други региони на југот и на истокот на земјата.
Шпанија, членка на НАТО, чија надворешна и безбедносна политика е тесно усогласена со онаа на Соединетите Држави, е верен сојузник на Украина. Во јули го презема ротирачкото претседавање со Советот на Европската унија, кој ги групира 27-те национални влади на блокот.