Украина на 31 март одбележува една година откако руските воени сили се повлекоа од Буча, оставајќи зад себе стотици мртви тела од цивили на улиците, по како што го нарече Киев, извршеното воено злосторство и масакр. Во видеото објавено на социјалните мрежи, украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече масакрот во Буча „симбол на злосторствата“ извршени од руската војска.
„Никогаш нема да простиме. Ќе ги казниме сите виновни“, истакнува Зеленски во објавеното видео.
Видете и ова: Руска инвазија врз Украина -„нормален“ живот во воени условиДодека руската војска беше принудена набрзина да ги напушти Буча и Ирпин, друг град на периферијата на Киев, по неуспешниот обид да го освои главниот град на Украина, сликите на мртвите тела расфрлани низ улиците на Буча го обиколија светот, предизвикувајќи бран на шок и осуда.
Русија негираше дека ги извршила масакрите и тврди дека објавените слики и видеа од Буча се „исценирани “ од Украина.
Украинските власти проценуваат дека околу 400 тела на цивили се пронајдени во Буча и вкупно повеќе од илјада низ целиот регион околу Киев. Многу од телата беа пронајдени во масовни гробници.
Украинските и меѓународните истражители отворија истрага за воените злосторства во Буча, Ирпин и други локации во Украина каде што се случија очигледни масакри.
Во меѓувреме, борбите меѓу украинските и руските сили за контрола на Бахмут и други клучни градови во источниот регион Доњецк продолжија со несмалено темпо, бидејќи североисточниот град Харкив беше цел на напади со проектили и беспилотни летала во текот на ноќта, соопшти војската на 31 март.