Поради неуредна покана за обвинетите и адвокатите, се одложи јавната седница за предметот „Титаник 2“, а следната е закажана за 13 април. Делото на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, му застарува на 7 април, што значи дека на него нема да му се суди за изборните нерегуларности.
На јавната седница закажана за денеска не дојде обвинетиот Мендух Тачи. Случајот „Титаник 2“, за изборните нерегуларности, два пати влезе во судница во Кривичен суд и по втор пат е во Апелација.
Мијалков се гонеше за примање награда за противзаконито влијание.
Видете и ова: Апелација му ја укина затворската казна на Мијалков, а му ја зголеми на ГруевскиПрвата пресуда за „Титаник 2“ беше укината од Апелација во декември 2019 година. Од тогаш до јануари 2023 година предметот се судеше во Кривичен суд. На повтореното судење, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков е осуден на казна затвор од две години. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, исто така доби казна затвор од две години.
Пред шест дена Апелацискиот суд донесе пресуда и за „Плацеви на Водно“, со која Сашо Мијалков беше ослободен и доби условна казна. Во образложението за условната осуда, од Апелација соопштија дека Мијалков не презел реални постапки во кривичното дело, туку само вербални.