Владата на денешната седница донела одлука да ѝ донира хеликоптери на Министерството за одбрана на Украина и утврдила текст на Протокол за таа намена.
Владата го прифатила усогласениот текст на Протоколот за донација, стои во соопштението.
Во соопштението не е прецизирано колку и какви хеликоптери ќе бидат донирани. Министерката за одбрана Славјанка Петровска претходно рече дека на Украина ќе ѝ бидат донирани 12 хеликоптери Ми-24.
Претходно, Македонија на Украина ѝ донираше тенкови и борбени авиони Сухој-25 за одбрана од руската агресија, но ни тогаш не беше соопштена прецизна бројка.