Леб, пари и политика

КОСОВО / СРБИЈА - Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Договорот за нормализација на односите со Срвија мора брзо да се имплементира, и додаде дека главните преговарачи на 4 април ќе разговараат на таа тема.

УНГАРИЈА - Унгарија ќе го одложи приемот на Шведска во НАТО поради критиките од Стокхолм на сметка на политиката на премиерот Виктор Орбан, соопшти денеска унгарската Влада. Портпаролот на Владата, Золтан Ковач рече дека премостувањето на јазот бара напор од двете страни. Шведска и Финска побараа приклучување во воениот сојуз НАТО минатата година, по рускиот напад врз Украина, но процесот беше запрен од Унгарија и Турција.

ФРАНЦИЈА - Уставниот совет на Франција ќе донесе одлука за уставноста на реформата на пензискиот систем в петок, на 14 април, седум дена пред крајниот рок, се вели во денешното соопштение на тој влијателен државен орган.

УКРАИНА - Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска ја посети нуклеарната централа Запорожје во окупираниот дел на Украина, со цел да ја утврди состојбата во објектот. Гроси изјави дека борбите во близина на електраната Запорожје стануваат сè поинтензивни и дека ситуацијата не се подобрува.

АВСТРИЈА - Австрискиот претседател Александер Ван дер Белен денеска во македонското Собрание, за време на посетата на Скопје, им порача на пратениците дека од нив зависи кога ќе ги почнеме следните чекори во преговори со ЕУ и за колку брзо ќе ги поминеме. Австрија, додаде тој, ќе ви биде близок сојузник.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Барателите на азил кои пристигнуваат во Велика Британија ќе се сместуваат во напуштени воени бази, фериботи и баржи, согласно планот на Владата во Лондон за намалување на трошоците за хотели.

МАКЕДОНИЈА - Замрзнувањето на цените не е пазарна мерка, а ако Владата сака да интервенира за да го заштити населението, треба да ги активира стоковите резерви кои секогаш во ваква ситуација се покажуваат како подобар механизам, изјави денеска извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев.

ПЕРУ - Перуански обвинители соопштија дека ги истражуваат претседателката Дина Болуарте и нејзиниот соборен претходник Педро Кастиљо поради наводно перење пари и незаконско финансирање на кампањата за време на изборите во 2021 година.

УКРАИНА / КИНА - Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани кинескиот претседател Си Џинпинг да дојде во Украина, објави новинската агенција Асошиејтед прес (АП). „Спремни сме да го видиме овде“, рече Зеленски во интервју за АП.

САД / ИЗРАЕЛ - Американскиот претседател Џо Бајден го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се откаже од предлогот за судски реформи што доведоа до масовни протести во Израел.

РУСИЈА / САД - САД и Русија престанаа да разменуваат податоци за нуклеарното оружје што го правеа според новиот договор СТАРТ за ограничување на нуклеарниот арсенали (Нов СТАРТ), последниот таков договор меѓу двете земји.