Министерот за надворешни работи Бујар Османи не знае кои личности ќе се најдат на црната листа на САД, но вели дека сака Соединетите држави да помогнат во справувањето со корупцијата и организираниот кримнал.
„САД ја имаат целата наша поддршка и барање да ни помогнат во справувањето со корупцијата и организираниот криминал, како еден од најглавните ризици за стандардот на граѓаните, но и за стабилноста на земјата“, истакна Османи на денешната прес-конференција за време на министерскиот состанок на Иницијативата „САД-Јадранска Повелба“
Видете и ова: Агелер - Во следните месеци ќе видиме „едно или две имиња“ на црната листа на САДОсмани додаде дека право на Владата на САД, која има повеќе различни механизми за санкционирање, е да презема мерки кон оние што ги загрозуваат мирот и стабилноста во регионот, не ги почитуваат Охридскиот и Преспанскиот договор и кои се вклучени во организиран криминал и корупција.
Кон крајот на минатата година американски тим на санкции беше во посета на земјава, но за тоа повеќе детали не излегоа во јавност. Во исто време државниот врв потврди дека не се исклучува актуелни функционери да се најдат на листата со санкции на Соединетите Американски Држави (САД).