Премиерот Димитар Ковачевски планира да закаже состанок со директорот на Македонската телевизија за да се види каков договор е потпишан, како оди сигналот надвор и каква услуга добива нашиот национален сервис во делот на емитувањето на програмата во други држави.
„Ова е прашање што мора да му се постави на директорот на Македонската телевизија и раководството, бил раскинат договорот за сервисот преку кој можат да го преземат сигналот други држави од Македонската телевизија. Тие склучиле некаков договор кој технички треба да се објасни, давателот на услуги не овозможува бесплатно симнување на сигналот од страна на оператори во други држави. Проблемот е креиран од порано“, рече Ковачевски.
Тој најави дека за ова прашање планира да свика состанок со директорот на МРТ на кој ќе присуствуваат и други институции за да се види каков договор потпишале, како оди сигналот надвор и каква услуга добива нашиот национален сервис во делот на емитување на програмата во други држави.
„Да провериме дали и во други држави има можност да се симне сигналот на Македонската телевизија и таму да биде гледан од страна на нашите граѓани“, рече Ковачевски.
Видете и ова: МРТВ не се емитува во Бугарија како што е договореноСпоред Договорот за пријателство со Бугарија, националните телевизиски канали треба да емитуваат програма како во Македонија, така и во Бугарија. Тоа засега не е случај, бидејќи МТВ не се емитува во Бугарија.
За проблемот уште пред една година пишуваше РСЕ, откако во заклучок на Програмскиот совет на МРТВ, слабиот интернет сигнал се наведува меѓу причините за неемитувањето на македонската телевизија во бугарскиот етер.