Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе ја одложи расправата за контроверзната судска реформа за наредниот месец, се вели во денешното соопштение на крајно десничарскиот коалиционен партнер во владата, партијата „Еврејска моќ“.
Во соопштението се вели дека законот ќе биде поместен за наредната седница на израелскиот парламент за „реформата да помине преку дијалог“. Парламентот наредната недела заминува на одмор поради празникот Пасха.
Видете и ова: Протести и штрајк во Израел, Нетенјаху ќе ја одложи расправата за судската реформаКрајно десничарската влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се соочува со повеќе протести и генерален штрајк, поради плановите на властите да направат ревизија на правосудниот систем.