Десетици училишта во Бугарија беа евакуирани на 27 март по заканите за бомби упатени до училиштата преку електронска пошта.
Закани за поставени бомби биле упатени до 16 училишта во главниот град Софија, до 16 училишта во Бургас и до сите десетици училишта во Варна.
Наставата во училиштата била прекината, а полицијата ги претресувала објектите. На учениците им било кажано да се наредат во редица со ранците и јакните пред да бидат евакуирани.
Видете и ова: Спасовски - група испраќала лажни дојави за бомби и ќе добијат кривични пријави за тероризамПо проверките не се пронајдени бомби. Во Бугарија на 2 април треба да се одржат парламентарни избори, а гласањето главно се одвива во училиштата.