Секојдневен протест се додека не добијат повисоки плати најавија од синдикалната организација при Министерството за култура.
На 27 март вработени во Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм, одржаа едночасовниот протест пред Министерството за финансии со барање за повисоки плати.
На денешниот протест побараа и средба со министерот за финансии Фатмир Бесими.
Претседателот на синдикалната организација при Министерството за култура, Бранко Костовски изјави дека ќе бидат присутни секој ден во голем број, се до остварување на целта - соодветна валоризација на трудот на вработените во овие институции.
Видете и ова: Вработените во култура на протест за повисоки платиТие бараат потпишување на колективен договор и зголемување на платите по примерот на Министерството за финансии.
Како што изјави претседателот на Синдикалната организација при Министерството за култура, Бранко Костовски, платите на речиси 70 отсто од вработените во овие три институции се под просечната плата во државата, а разликата со платите на вработените на исти позиции во установите од областа на културата е и по 10 илјади денари.