Техеран ги осудува нападите на САД врз групите поврзани со Иран во Сирија

Илустрација

Техеран ги осуди американските воздушни напади врз силите поврзани со Иран во Сирија, во кои, наводно, загинале 19 луѓе. Вашингтон соопшти дека ги извршил овие напади по смртоносниот напад со беспилотно летало врз американските сили.

Иранското Министерство за надворешни работи доцна на 25 март го осуди „воинствениот и терористички напад на американската армија врз цивилни цели“ во источниот сириски регион Деир Езор.

Видете и ова: Иран и Саудиска Арабија ги обновија дипломатските односи

Вашингтон соопшти дека започнал со одмазднички рации откако американски изведувач беше убиен - а друг изведувач и пет воени лица беа ранети - од беспилотно летало „од иранско потекло“ кое ја погоди базата на коалицијата предводена од САД во Сирија, јавува новинската агенција Франс прес.