Црна Гора го потврди идентитетот – Уапсен јужнокорејскиот крал на криптовалути

До Квон е изведен на суд во Подгорица, Црна Гора, 24 март 2023 година

Црна Гора го потврди идентитетот на До Квон и Хон Чанд Јун, кои на 23 март беа уапсени во земјата, соопшти црногорската полиција.

До Квон и хон Чанд Јон се задржани по сослушувањето во обвинителството, а полицијата најави дека полицијата против двајцата ќе поднесе кривична пријава за фалсификување исправа.

Тие беа уапсени на аеродромот во Подгорица поради фалсификување патна исправа. На пасошката контрола на летот за Дубаи, тие употребиле фалсификувани костарикански пасоши.

После постапката за фалсификување, тие ќе бидат спроведени пред судија за истраги во Вишиот суд во Подгорица во врска со меѓународната потерница од Интерпол.

Јужна Кореја издаде налог за апсење на До Квон во септември минатата година, кога се урна криптовалутата Тера. Тој се сомничи за измама од 40 милијарди долари по пропаѓањето на компанијата чиј коосновач беше.

Во Црна Гора тој престојувал со лажни документи, заедно со Хон Чанд Јун.

Видете и ова: Кралот на криптовалутите од Јужна Кореја уапсен во Црна Гора


Минатата година имаше сомнежни дека До Квон едно време се криел и во Србија, но тие наводи никогаш не беа потврдени.

До Квон е еден од основачите на компанијата Тераформ Лабс. Според Форбс, тој ја основал компанијата користејќи блокчејн технологија „за да развие ефикасен начин на плаќање“.

Криптовалутата привлече 40 милиони корисници кога беше лансирана во јануари 2018 година, наведува Форбс.