Вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм денеска се собраа на протест пред Министерството за финансии, изразувајќи незадоволство поради своите месечни примања.
Како што изјави претседателот на Синдикалната организација при Министерството за култура, Бранко Костовски, платите на речиси 70 отсто од вработените во овие три институции се под просечната плата во државата, а разликата со платите на вработените на исти позиции во установите од областа на културата е и по 10 илјади денари.
Видете и ова: Стручните веќе не „се тепаат“ за работа во администрацијаТој додаде дека Синдикалната организација при Министерството за култура веќе има изготвено Предлог-текст на колективниот договор, кој предвидува објективно и коректно покачување на платите на вработените, за кој минатата година Министерството за финансии даде негативно мислење.
„Ние имаме поддршка од раководството, од одговорните лица во Министерството за култура и ќе продолжиме по институционален пат да бараме покачување на платите“, рече Костовски.