Командантот на украинските копнени сили, Олександр Сирски изјави дека неговите сили наскоро ќе започнат контраофанзива.
Тој додаде дека членовите на руската паравоена група Вагнер, кои биле на фронтот заедно со руските сили во Украина, „им недостасува сила“.
Ќе ја искористиме оваа можност многу брзо, како што направивме претходно во близина на Киев, Харков и Купјанск, посочи Сирски.
Украинската контраофанзива минатата година ги потисна руските војници од градот Херсон по неколкумесечна окупација, по што тие се повлекоа на левиот брег на реката Днепар.
Претседателот Володимир Зеленски во изминатите два дена ги посети градовите Бахмут и Херсон.
Руската платеничка војска Вагнер со месеци се обидува да го освои Бахмут, но Украинците упорно го бранат градот кој веќе е во урнатини.