Владата на Република Српска, еден од двата ентитета во Босна и Херцеговина, ја прекина соработката со амбасадите на Соединетите Американски Држави и Велика Британија во БиХ, беше соопштено по денешната седница на Владата.
Видете и ова: Орден од Република Српска за Путин„Република Српска е принудена да ја прекине соработката со дипломатите на двете амбасади и во таа насока бара од институциите на Република Српска, претставниците на Република Српска во заедничките институции на ниво на БиХ, органите на локалната самоуправа во Република Српска, како и други јавни органи да не соработуваат со амбасадите на САД и Велика Британија“, се вели во соопштението на Владата на РС.
Видете и ова: Американската амбасада во БиХ: Најавените закони на властите во Република Српска се репресивниОд Владата додаваат дека „убедени се дека ваквата постапка на амбасадите на САД и Велика Британија не е во согласност со официјалната политика на САД и Велика Британија кон БиХ и се на мислење дека прекинот на соработката ќе трае додека амбасадите на САД и Велика Британија не престанат со практиката на мешање во внатрешните работи на БиХ“.