Во Брисел денеска започнува дводневниот Самит на ЕУ, а главна тема на разговор денеска ќе биде Украина, соопшти претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.
Лидерите на Европската унија денеска ќе разговараат за војната во Украина со шефот на ОН Антонио Гутереш и исто така ќе го поддржат планот за зголемување на снабдувањето со артилериски гранати за Киев.
Видете и ова: Обновата на Украина по руската инвазија ќе чини над 400 милијарди долариГутереш ќе биде гостин на самитот во Брисел, неколку дена по обновувањето на договорот постигнат со посредство на ОН и Турција за безбеден извоз на украинско жито преку Црното Море. За таа хуманитарна мерка ќе се разговара на работниот ручек со Гутереш пред тој да замине, а лидерите на ЕУ ќе добијат последни информации за војната од украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео врска, соопштија официјални лица.
Мишел пак од своја страна истакна дека ЕУ, како и секогаш, ќе ја потврди својата „непоколеблива посветеност да и помогне на Украина“, што вклучува продолжување на работата за користење замрзнати руски средства.
„Најважно, од нашата последна средба во февруари, работиме на итно зголемување на производството и испораката на муниција во Украина. Нашата цел е да и обезбедиме на Украина еден милион парчиња муниција во следните 12 месеци и да обезбедиме соодветно финансирање. За таа цел ќе треба да преземеме мерки за зајакнување на производствениот капацитет на европската одбранбена индустрија“, посочи Мишел.
Руската воена инвазија во Украина започна лани во февруари, а резултираше со илјадници жрвтви и милиони раселени Украиници.