Обновата на украинската економија по руската инвазија која започна пред повеќе од една година сега се очекува да чини 411 милијарди долари, покажа новото истражување на Светската банка, Обединетите нации, Европската комисија и Украина.
Проценката објавена на 22 март го опфаќа периодот од една година од руската инвазија и ја квантифицира директната штета на инфраструктурата и зградите, влијанието врз животите на луѓето и трошоците за „подобро да се изгради“, соопшти Светската банка.
Видете и ова: ММФ постигнал договор со Украина за пакет помош од 15,6 милијарди долариИзносот е 2,6 пати поголем од очекуваниот бруто-домашен производ на Украина во 2022 година и е значително зголемен од проценката од 349 милијарди долари објавена минатиот септември.