Најмалку девет загинати во земјотресот во Авганистан и Пакистан

Земјотрес во Авганистан и Пакистан

Најмалку девет лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди Авганистан и Пакистан, соопштија тамошните власти.

Над 100 луѓе се хоспитализирани, рече портпаролот на пакистанската служба за брза помош. Најмалку 19 куќи се урнале во оддалечените области. Сè уште се проценуваат штетите.

Видете и ова: Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени го погоди Авганистан

Американскиот геолошки институт објави дека епицентарот на земјотресот со јачина од 6,5 степени бил на 40 километри југоисточно од Ѓурим во авганистанската планинска област Хиндукуш, која се граничи со Пакистан и Таџикистан.

Како што се наведува, земјотресот бил на длабочина од 187,6 километри.

Портпаролот на талибанската влада во Авганистан, на Твитер напиша дека Министерството за јавно здравје на земјата наредило здравствените центри да бидат во подготвеност. Земјотресот беше почувствуван и во главниот град на Индија, Њу Делхи.