Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Авганистан во вторник вечерта, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, предизвикувајќи силни потреси низ целата земја и во северниот соседен Пакистан.
Земјотресот бил на длабочина од 194 километри, а неговиот епицентар бил во планинскиот венец Хинду Куш, во близина на северната авганистанска провинција Бадакшан.
Видете и ова: Најсмртоносните земјотреси во светот од изминатите 25 годиниЗасега нема информации дали земјотресот предизвикал штети или жртви.
Земјотресот можел да се почувствува дури до главниот град на Индија, Њу Делхи.
Големи делови од Јужна Азија се сеизмички активни бидејќи тектонската плоча позната како Индиска плоча се турка на север во Евроазиската плоча.
Во минатогодишниот земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер во источен Авганистан загинаа повеќе од илјада луѓе.