Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска изјави дека тој и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола разговарале за чекорите за формирање на специјален суд за злосторството од агресијата врз Украина.
Кулеба на Твитер напиша дека за време на повикот тој го охрабрил Европскиот парламент „да ја продолжи својата витална улога во справувањето со неказнивоста“.
Видете и ова: Зеленски - Се шири поддршката за создавање на трибунал за руската агресија„Во согласност со резолуцијата на Европскиот парламент, ги координиравме чекорите за формирање Специјален трибунал за кривично дело агресија против Украина“, напиша Кулеба на Твитер.
Во јануари, Европскиот парламент усвои препорака за формирање на специјален трибунал за гонење на агресијата на Русија врз Украина и Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) едногласно гласаше за формирање таков трибунал.