Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека го поканил својот руски колега Владимир Путин оваа година да ја посети Кина, пренесоа руските агенции.
„Го поканив претседателот Путин да дојде во Кина оваа година, кога ќе може“, рече Си за време на средбата со рускиот премиер Михаил Мишустин во Москва.
Кинескиот претседател рече дека Пекинг ќе продолжи да ги става руско-кинеските односи како приоритет.
Си рече дека двете земји се „соседни големи сили“ и „стратешки партнери“.
„Премиерот Ли Кианг ќе продолжи да дава приоритет на сеопфатното стратешко партнерство меѓу Кина и Русија“, рече кинескиот претседател.
Видете и ова: Бугарски експлозии, руски агенти и војната против УкраинаСи Џинпинг од 20 март е во тридневна посета на Русија. Тоа е негова прва посета на Русија во последните четири години, во услови на продлабочување на меѓународната изолација на Москва поради нејзината инвазија на Украина.
На средбата во понеделникот Путин и Си испратија порака дека оваа посета е можност да го продлабочат нивното „пријателство без граници“ и да ги отфрлат, како што наведоа, обидите на Вашингтон да ги изолира и да го запре нивниот развој.
Состаноците со Си даваат ретка можност Владимир Путин да утврди дека Русија не е целосно затворена од остатокот од светот и покрај тоа што е цел на налог за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС) за наводни воени злосторства.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека Путин најверојатно ќе му понуди на Кси „детално објаснување“ за акциите на Москва во Украина.
За денеска се закажани пошироки разговори меѓу руските и кинеските претставници на повеќе теми.