Рускиот истражен одбор денеска соопшти дека отворил кривична постапка против обвинителите и судиите на Меѓународниот кривичен суд, кои во петокот издадоа налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин поради обвинение за воени злосторства.
Одборот, кој е одговорен за истрага на сериозни злосторства, рече дека нема основа за кривичната одговорност на рускиот претседател Путин и дека шефовите на државите уживаат апсолутен имунитет од јурисдикцијата на странските земји.
Видете и ова: Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Путин за воени злосторстваПостапките на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд покажуваат знаци на кривично дело според руските закони, објави Комитетот, посочувајќи дека станува збор за свесно обвинување на невино лице за злосторство и „подготвување напад на претставник на странска држава, кој ужива меѓународна заштита, со цел да се комплицираат меѓународните односи“.
Рускиот потег е симболичен гест на револт како одговор на налогот за апсење на Путин, со кој тој и комесарот за правата на децата се обвинети за воено злосторство, депортирање деца од Украина во Русија.
Кремљ одлуката на Меѓународниот кривичен суд ја нарече нечуена, но правно неважечка, имајќи предвид дека Русија не е потписник на договорот со кој беше основан Меѓународниот кривичен суд.