Групата за човекови права „Вјасна“ соопшти дека нејзини извори изјавиле дека затворениот новинар на Радио Слободна Европа, Ихар Лосик, бил однесен во амбуланта откако бил пронајден со „исекотини на рацете и вратот“.
Групата соопшти дека Лосик бил „спасен“ од, како што го опишаа, „обид за самоубиство“, иако не е јасно како и во која мера тој е повреден.
Лосик беше уапсен од белоруски агенти во јуни 2020 година и му се судеше по измислени обвиненија, вклучително и „организирање и подготвување акции кои грубо го нарушуваат јавниот ред“ како и „подготовка за учество во немири“.
По петмесечно судење зад затворени врати, Лосик беше прогласен за виновен и осуден на 15 години затвор во декември 2021 година, а ставен е и на список за следење терористи.
Видете и ова: Белорусија: Дописник на РСЕ осуден на 6 години затворВо јануари неговата сопруга Дарја Лосик беше осудена на две години затвор под обвинение за помагање на екстремистички активности.
Во 2020 година, Александар Лукашенко, претседателот на Белорусија, организираше брутално задушување на демонстрациите по претседателските избори на кои тој тврди дека победил. Беа приведени 30.000 луѓе, стотици претепани, а неколкумина биле убиени.
Лосик е меѓу повеќе од 300-те политички затвореници кои, според групите за човекови права, биле уапсени од почетокот на демонстрациите.