Сoединетите Држави го поздравуваат договорот што Косово и Србија го постигнаа во Охрид со посредство на ЕУ за имплементација на Договорот за патот кон нормализација на односите, соопшти Стејт департментот.
„Ги пофалуваме претседателот на Србија и премиерот на Косово за нивното лидерство во постигнувањето договор. Исполнувањето на обврските на Косово и Србија од Основниот договор, во рамките на трајната определба за помирување, ќе обезбеди значителни можности за граѓаните на двете земји и да го забрзаат нивниот пат кон членство во Европската унија“, се вели во соопштението на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Видете и ова: Договорот меѓу Косово и Србија отвора нова ера на мир во регионотТој додава дека САД ќе продолжат да бидат активно ангажирани, во соработка со партнерите од ЕУ, „да ги поддржат Косово и Србија во нивната работа на имплементација со цел да се постигнат предвидливи и мирни односи“.
„Ќе продолжиме да го поддржуваме подобрувањето на стабилноста и просперитетот на Западен Балкан“, се наведува во соопштението.
Во соопштението, се заблагодарува на Европската Унија за посредувањето во преговорите и на Владата на Северна Македонија што била домаќин и поддржала финализирање на договорот.
Блинкен на својот Твитер профил исто така изјави дека го поздравува договорот. Тој додаде дека САД остануваат „посветени на унапредување на европската и евроатлантската интеграција“.