Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека дека е „постигнат некаков договор“. Овие неколку точки што ги договоривме ќе станат дел од преговарачката рамка за двете страни, и за Белград и за Приштина“, рече Вучиќ.
Договорено е во рок од 30 дена да се формира заедничка мониторинг комисија со која ќе претседава ЕУ“, рече Вучиќ и додаде: „Договорено е и веднаш да започне формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство“.
Во изјава за новинарите тој рече дека ништо не потпишал. „Овие неколку точки за кои се договоривме ќе бидат дел од преговарачката рамка за двете страни, и за Белград и за Приштина. Европскиот совет ќе донесе одлука таа да стане дел од преговарачката одлука“, рече претседателот на Србија.
Видете и ова: Завршија билатералните разговори во ОхридПретходно, шефот на дипломатијата на Европската унија Јосеп Борел изјави дека по 12 часа разговори во Охрид Косово и Србија постигнале договор за европскиот предлог.
„Косово и Србија се договорија за спроведување на анексот на договорот за патот кон нормализација на односите меѓу нив“, рече тој, мислејќи на европскиот предлог што двете страни го прифатија на 27 февруари во Брисел.