Американскиот претседател Џо Бајден синоќа во Вашингтон оцени дека е „оправдан“ налогот на Меѓународниот кривичен суд во Хаг за апсење на рускиот претседател Владимир Путин поради сомнежи за извршени воени злосторства во Украина.
Во одговор на новинарите во Белата куќа, Бајден рече дека е „јасно дека Путин извршил воени злосторства“.
Видете и ова: Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Путин за воени злосторстваИако САД, како ни Русија, не го признаваат судот, Бајден оцени дека одлуката на Хашкиот суд „испраќа многу силен сигнал“ и укажува на делувањето на рускиот лидер во наредбите за инвазија врз Украина.
Меѓународниот кривичен суд во седиште во Хаг вчера издаде налог за апсење на Владимир Путин поради сомнеж за противправно протерување деца и противправно преселување луѓе од територијатија на Украина во Русија.