Младите од Македонија ќе може да аплицираат на повикот за бесплатен билет за воз за патување низ Европа, кој го објави Европската комисија.
Пријавите за учество во иницијативата „Откријте ја ЕУ- Discover EU“ ќе траат до 29 март, а 35.000 избрани кандидати ќе добијат бесплатна пропусница.
Ваква можност имаат млади луѓе родени од 1 јули 2004 година до 30 јуни 2005 година, од земји-членки на ЕУ, но и земји вклучени во програмата Еразмус +, како Србија, Македонија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Турција, објави Комисијата. Тие ќе можат да патуваат во Европа најмногу 30 дена, меѓу 15 јуни 2023 година и 30 септември 2024 година.
Видете и ова: Пругата кон Бугарија како подиум за сликање на политичарите„Овогодинешните учесници ќе можат да ја откријат новата рута на европскиот Баухаус, лансиран во јануари 2023 година, чија цел е да ги инспирира младите во изборот на нивните дестинации и да ја подигне свеста за важноста од заедничко создавање на „убава, одржлива Европа“, се вели во соопштението на ЕК.
Видете и ова: Со познанства и стипендии до полесно иселување од земјатаЗаинтересираните треба да се пријават преку Европскиот портал за млади и да одговорат на неколку квиз прашања за ЕУ. Иницијативата беше лансирана пред пет години, и е вклучена во новата програма Еразмус за периодот 2021-2027 година.
Оттогаш 212.700 луѓе добиле бесплатни билети, а се пријавиле речиси 916.000 апликанти. Според најновото истражување по патувањето, 72 отсто од апликантите рекле дека тоа им е прв пат да патуваат со воз надвор од нивната земја.