Велика Британија најверојатно денеска ќе објави забрана за користење на TикТок на службените мобилни телефони, следејќи ги другите западни земји кои исто така ја забранија апликацијата на кинескиот пазар, јавија британските медиуми.
Британскиот национален центар за сајбер безбедност анализира дали е неопходно да се забрани користењето на ТикТок на службените мобилни телефони, додека САД, Канада, Белгија и Европската комисија веќе ја забранија употребата на оваа апликација.
Видете и ова: Данското Министерство за одбрана забрани ТикТок на службените уредиНа прашањето за можна забрана на TикТок, министерот за безбедност Том Тугендат претходно рече дека разбирањето на предизвиците што ги поставуваат овие апликации е „исклучително важно“.
Од TикТок истакнаа дека би биле разочарани од таквата забрана. Владата денеска треба да објави соопштение за безбедноста на своите уреди.
Официјални претставници на Европската унија (ЕУ) на почетокот на 2023 ѝ се заканија на социјалната мрежа ТикТок со далекусежни санкции за дозволување ширење на штетна содржина. Европската комисија (ЕК) во четвртокот, 19 јануари, го предупреди извршниот директор на ТикТок дека компанијата мора веднаш да почне да се придржува до правилата на ЕУ или ќе се соочи со санкции.
Видете и ова: Белата куќа забрани ТикТок на уредите на сојузните агенции
Американскиот Конгрес кој крајот на 2022 донесе одлука со која се забранува користење на апликацијата од владините уреди на САД.
Вооружените сили на Соединетите Американски Држави исто така ја забранија апликацијата на нивните уреди. ТикТок го користат две третини од американските тинејџери и стана вториот најпопуларен домен во светот.