Комесарот за добрососедска политика и проширување Оливер Вархеји се надева дека во втората половина од годинава ќе има големи случувања во патувањето на Албанија кон Европската унија (ЕУ).
Тој денеска во Тирана одржа заедничката прес-конференција со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел и албанскиот премиер Еди Рама.
Во Тирана денеска беше одржан 12. Совет за стабилизација и асоцијација ЕУ-Албанија. Албанија. На состанокот беше оценето дека Албанија постигнала напредок во реформите во правосудството, додека беше заклучено дека треба да се зајакне борбата против корупцијата на високо ниво, јавија албанските медиуми.
Ова е првпат Советот да се состане во Албанија.
Во јули Албанија ги отвори преговорите за членство со ЕУ, а во овој период во тек е проверка на нејзиното законодавство, процес кој ЕУ го поздрави.