Мартовската пензија ќе биде повисока за 8,4 проценти, откако Советот на социјална сигурност денеска на состанок усвои зголемување на пензиите. Тие со најниски пензии кои изнесуваат неполни 11 илјади ќе добијат плус околу 1000 денари, просечната пензија ќе се зголеми за 1500 денари, а тие со највисоки пензии ќе имаат и најголемо зголемување.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција во Владата најави дека годинава, освен ова мартовско усогласување на пензиите, ќе следи уште едно во септември.
Видете и ова: Пензионирање подоцна - Непопуларно за работниците, неопходно за фондотПокачувањето на пензиите беше договорено во март лани, кога Собранието ги изгласа измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кои се предвиде нова методологија за пресметување на растот на пензиите. Со неа, усогласувањето на пензиите ќе се прави два пати годишно – во март и септември, а тоа ќе се врзе за порастот на трошоците за живот со 50 проценти и за просечна плата, исто така во висина од 50 отсто.