Платеничката група Вагнер објави огласи на Порнхаб, најголемата светска порнографска веб-страница, во обид да регрутира борци за да ги засили своите трупи кои се борат на страната на Русија во војната во Украина.
Оние кои ќе влезат на порнографската страница од Русија, без да користат VPN и програми што блокираат реклами, ќе видат видео од Вагнер кое го повикува гледачот да му се придружи на Вагнер, наместо да ужива во порнографија.
Ко-основачот и сопственик на Вагнер, Евгениј Пригожин, потврди дека рекламата е поставена на веб-страницата на Порнхаб.
„Поставувањето на огласот на порно веб-страниците е добра идеја на нашите експерти за маркетинг. Целосно се согласувам со нив. Рекламата вели: Одете борете се заедно со приватната војска на Вагнер, престанете да мастурбирате. А кој не се согласува со тоа?“, се вели во изјавата на Пригожин објавена на Телеграм.
Видете и ова: „Нема тело, нема пари“: Смртта на платеници на Вагнер сокриена од семејствата во РусијаВагнер е платеничка група, кооснована од Пригожин. Тој се смета за близок на Кремљ и е познат под прекарот „Готвач на Путин“, поради тоа што неговата компанија вршела кетеринг услуги за рускиот претседател Владимир Путин.
Членовите на платеничката група, од кои илјадници се регрутирани од воспитно-поправните институции ширум Русија, се активно вклучени во војната во Украина, која Русија ја започна во февруари минатата година.