Мајкрософт предупредува- руски хакери подготвуваат нов бран сајбер напади врз Украина

илустрација

Се чини дека руските хакери подготвуваат нов бран сајбер напади против Украина, вклучително и закани во стилот на „ransomware“ за организациите кои ги опслужуваат линиите за снабдување на Украина, се вели во извештајот од истражувањето на Мајкрософт кој беше објавен денеска.

Извештајот, чиј автор е тимот за истражување и анализа на сајбер безбедноста на технолошкиот гигант, прикажува низа нови откритија за тоа како руските хакери дејствувале за време на конфликтот во Украина и што може да следи понатаму, јавува новинската агенција Ројтерс.

„Од јануари 2023 година, Мајкрософт ја набљудува активноста на руската сајбер-закана која се прилагодува за да го зајакне деструктивниот и капацитетот за собирање разузнавачки информации за цивилните и воените средства на Украина и на нејзините партнери. Една група изгледа дека се подготвува за обновена деструктивна кампања“, се вели во извештајот.

Видете и ова: За откривање на лажните дојави за бомби со VPN од Русија и Иран потребна е меѓународна соработка

Наодите доаѓаат додека Русија го зголемува бројот на војници на бојното поле во источна Украина, според западните безбедносни претставници. Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников минатиот месец предупреди дека Русија би можела да ги забрза своите воени активности во наредниот период.