Во Франција за денеска се најавени повторно масовни штрајкови за време на седница на на која ќе се усогласува текстот за новата пензиска реформа меѓу пратениците и сенаторите, пред утре таа да се испрати на гласање во двата дома на Францускиот Парламент.
Бидејќи законот влегува во завршна фаза, синдикатите најавија нов обид да извршат притисок врз владата и пратениците да го отфрлат предлогот за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
Видете и ова: Туристите во Париз се сликаат покрај купишта ѓубре поради штрајкот на ѓубреџиитеПротестите во саботата не привлекоа луѓе колку на масовниот протест на 7 март. Минатиот вторник, на шестиот ден од протестите против пензиската реформа во Франција, присуствуваа 1,3 милиони луѓе, процени француското Министерство за внатрешни работи. Но синдикатот излезе со проценка за 3,5 милиони демонстранти, што е повеќе од рекордното учество на 31 јануари.
Највидливата последица од штрајковите се купиштата ѓубре на улиците на Париз бидејќи градските комунални работници не го креваат, освен во 10 квартови покриени од приватни компании каде собирањето ѓубре се одвива речиси нормално.
Видете и ова: Десетици илјади луѓе на протестот против пензиската реформа во ФранцијаМинистерот за транспорт, Клемент Бон, денеска соопшти дека не очекува некои поголеми проблеми во јавниот превоз, како што беше забележано при претходните штрајкови.
Ситуацијата е и политички тензична бидејќи прашање е дали францускиот претседател Емануел Макрон може да собере доволно гласови во Долниот дом на парламентот, за усвојување на контроверзниот закон за кој бара поддршка од опозициската, конзервативна Републиканска партија (ЛР).
Покрај зголемувањето на старосната граница за пензионирање, предложениот закон предвидува и поголем стаж за целосно пензионирање и укинување на бенефициите што ги уживаат работниците во некои јавни услуги, вклучително и оние на париското метро.
Откако владата прво тврдеше дека сака да го реформира пензискиот систем за да го направи поправеден, сега тврди дека промените се неопходни за штедење и за извлекување на францускиот пензиски систем од дефицит до 2030 година