Русија продолжува со засилениот интезитет во нападите врз Бахмуд и натаму цели кон кон цивилни цели, предизвикувајќи жртви, соопшти украинската војска на 15 март. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање најави дека украинската војска ќе продолжи да го брани градот во источниот регион Доњецк и ќе му нанесе максимални загуби на непријателот.
Русија започна повеќе од 90 неуспешни напади долж линијата на фронтот на исток, со фокус на Бахмут, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина на својот дневен брифинг на 15 март.
Покрај Бахмут, кој беше епицентарот на повеќемесечната битка на исток, руските сили „ги фокусираа своите офанзивни напори на спроведување операции во правците Лиман, Авдијивка, Маринка и Шахтарск“, објави војската во извештајот.
Видете и ова: Путин – Опстанокот на Русија зависи од војната во УкраинаЗаменик-министерот за одбрана Хана Маљар на 14 март изјави за украинската телевизија дека тешки борби се водат и околу Кремина и други населби северно од Бахмут.
Руските сили изведоа 40 воздушни напади, 12 ракетни напади и повеќе од 100 ракетни салво во изминатите 24 часа, соопшти војската. Ракетен напад врз цивилна инфраструктура во областа Херсон предизвика жртви меѓу локалното население и штета на имотот, се вели во извештајот. По руските напади еден град во регионот Доњецк напојувањето со електрична енергија беше во прекин.