Најмалку четири лица се удавиле во Егејското Море кај Кушадаси при превртување на два чамци со мигранти. Турската крајбрежна страна спасила 38 бегалци и извлекла четири тела, јави агенцијата Анадолија.
Тие пишуваат дека се верува дека грчките власти ги вратиле чамците со бегалци во турските води.
Не е познато колку луѓе биле во чамците, а крајбрежната стража продолжила со потрагата по можни преживеани.
Видете и ова: Најмалку 45 мигранти загинаа во бродолом во регионот на КалабријаСпасените биле хоспитализирани. Засега не е соопштено од која земја се бегалците.
Турција често ја обвинува Грција дека нелегално депортира бегалци по кратка постапка, не дозволувајќи им да бараат азил. Грција негира и ги обвинува турските власти дека намерно ги насочуваат чамците со бегалци во грчки води.