Компанијата Мета, која ги поседува Фејсбук, Инстаграм и ВацАп, денеска соопшти дека укинува уште 10 илјади работни места, како и дека не пополнува 5 илјади отворени позиции, со цел да ги намали трошоците.
Во соопштението се вели дека компанијата ќе ги намали своите тимови за регрутирање овој месец, дополнително ќе го намали својот тим за истражување на технологијата на крајот на април, како и деловниот тим на крајот на мај.
Видете и ова: Што е Метаверзум и како ќе функционира?Мета досега инвестираше милијарди долари во проектот Метаверс, но во февруари објави помал профит и приходи за последниот квартал од 2022 година, што беше погодено од полошите пазарни услови и конкурентните компании како ТикТок.