Минималната плата од следниот месец ќе изнесува 20.175 денари и ќе биде повисока за 2.175 денари од сегашниот минималец. Од март лани минималната плата во земјата изнесува 18 илјади денари.
Премиерот Димитар Ковачевски на 13 март пред новинарите изјави дека согласно со Законот за административни службеници, ќе се изврши усогласување и на платите на 27 000 службеници.
Ковачевски даде изјава по седницата на Економско-социјалниот совет.
Зголемувањето на минималната плата е направено согласно новата методологија за усогласување донесена во 2022 година по преговорите меѓу Владата, синдикатите и работодавачите. Согласно новата методологија, минималната плата се усогласува со 50 отсто од трошоците за живот и 50 отсто со растот на просечната плата.
„Минималната плата во 2023 година пораснува за 12,55 проценти. Ова значи дека во државата со исплатата на мартовската плата, нема да има пониска плата од 20.175 денари, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
Видете и ова: Државата извезува домашни, а ќе мора да увезува странски работници
Од Сојузот на синдикати на Македонија ги повикаа работодавачите да ги усогласат останатите плати со висината на минималната плата за да не дојде до тоа да им се израмнат платите и на други работници од повисоки нивоа, со тие што зимаат минимална плата.