Московскиот суд прогласи банкрот на бирото на РСЕ

Русија - Бирото на РСЕ во Москва, јануари 27, 2021

Судот во Москва прогласи банкрот на работата на Радио Слободна Европа (РСЕ) во Русија, откако компанијата одби да плати неколкукратни казни во вкупна вредност од над 1 милијарда рубљи (14 милиони долари), поради непочитување на таканаречениот закон за „странски агенти“.

Законската регулатива, воведена во 2012 година, првично беше насочена кон невладини организации и групи за човекови права, но потоа беше проширен за да опфати и медиумски организации, новинари, блогери, кои добиваат финансии надвор од Русија.

За РСЕ овој законот е еднаков на политичка цензура со цел да ги спречи новинарите да ги извршуваат нивните професионални должности. Компанијата ги оспори потезите на руските власти против Радио Слободна Европа пред руските судови и пред Европскиот суд за човекови права.

Видете и ова: Путин го потпиша медиумскиот закон за "странските агенти"

Повеќе од 30 вработени на РСЕ се наведени како „странски агенти“ од руското Министерство за правда.

РСЕ го затвори своето биро во Москва на 6 март минатата година, неколку дена откако Федералната даночна служба поднесе барање до Московскиот арбитражен суд за принудниот банкрот на РСЕ/РС ДОО.

Откако Русија ја започна својата неиспровоцирана инвазија на Украина, рускиот медиумски регулатор, Роскомнадзор, ги блокираше веб-страниците на РСЕ во земјата.