Молдавската полиција соопшти дека спречила заговор на група на лица поддржани од Русија, специјално обучени да предизвикуваат масовни немири за време на протестите во главниот град против новата прозападна влада.
Шефот на молдавската полиција на прес-конференција рече дека таен агент се инфилтрирал во група „саботери“, од кои дел биле руски државјани, на кои им биле ветени 10.000 долари за организирање „масовни нереди“ со цел дестабилизација на Молдавија за време на протестот во Кишињев. Тој рече дека седум лица се уапсени.
Видете и ова: Молдавија се сомнева дека бил планиран „терористички“ напад во ПридњестровјеДенешниот протест е еден од неколкуте во последните недели организирани од група која себеси се нарекува „Движење за народот“ и поддржана од молдавската партија Шор, пријателски наклонета кон Русија.
Демонстрантите бараат владата целосно да ги плати сметките за струја и „да не ја вовлекува земјата во војна“.